Ваљбон Лимани е новиот претседател на Совет на општина Гостивар

Гостивар, 26 ноември 2021 Со мнозинство гласови, денес е избран претседателот на Совет на општина Гостивар. Ваљбон Лимани, носителот на листата од коалицијата Алијанса-Алтернатива од локалните избори и близок соработник на актуелниот градоначалник е новиот претседавач.

На седницата на советот за неговото назначување „за“ гласаа 18 советници, двајца беа воздржани

Лимани се заблагодари на укажаната доверба и вети дека Советот ќе биде институција во која ќе се слуша гласот на граѓаните и одлуките кои ќе се носат да бидат со консензус и во корист на сите без разлика на политичката припадност.

За изборот на Лимани, во дискусијата, реагираше Ема Нешковска од СДСМ која напомена дека не е исполнето ветувањето за време на предизборната кампања и оваа функција ќе му припадне на ВМРО ДПМНЕ.

На предлог на градоначалникот Таравари, заменик на во негово отсуство и спреченост ќе биде Намик Дурмиши.

Советниците ги избраа и членовите на Комисиите кои ќе делуваат во рамки на советот.

Коментарите се затворени.