Општината ќе даде по 500 евра на секое семејство чии домовии изгореа во пожарот кај „индустриско“

Гостивар, 26 ноември 2021 Семејствата чии домови изгореа во пожарот на улицата „Илинденска“ ќе добијат по 30 илјади денари. Предлогот да се стави на дневен ред го даде Гоце Димовски кординатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Предлог одлуката беше прифатена и беше изгласана со едногласна поддршка од остнатите советници.

Во образложувањето на предлогот, Димовски напомена дека еднократната финансиска помош иако не е голема, во вакви моменти е еопходна за да се справат со состојбата во која се нашле и како таква ќе им биде добредојдена.

Во неделата утрото, во неутврдени причини изгореа четири бараки во близина на средното техничко училиште во кој живееа шест семејства. Огнената стихија им ги однесе имотите и покуќнината. Тие сега се сместени во хотел за кој општината ги плаќа трошоците.

Коментарите се затворени.