Ромското знаме и официјално ќе се вее во Гостивар

Гостивар, 26 ноември 2021 Советот на општина Гостивар донесе одлука со која знамето на ромската заедница во Македонија ќе биде истакнувано за празници и пред локалните институции.

Иницијативата ја покренаа од политичката партија Демократски сили на Ромите кои претходно најави иницијатива за официјална употреба на ромското знаме на територијата на Општина Гостивар. Предлогот го даде Фирдаус Ајдари, кој напомена дека, овој чин ќе значи многу за ромската заедница и ќе биде добар пример за останатите локални самоуправи.

Ден претходно, делегација на оваа политичка партија беше на состанок со локалните власти и ја изложија идејата. По средбата, во прес центарот пред салата на советот на општината симболично додадено знамето на ромската заедница.

Според најавите, во иднина ова знаме, покрај македонското, албанското и турското знаме, кои се во официјална употреба употреба ќе биде истакнувано пред општинската зграда за  одбележување на празници и настани кои се опфатени со Законот за употреба на знамиња.

Коментарите се затворени.