Oштетeни споменици и гробна опрема на старите православни гробишта
Гостивар, 3 декември 2021 Гостиварец пријавил оштетувања на старите православни гробишта во Гостивар. Првично е утврдено дека се оштетени четири споменици, скршена една надгробна плоча и оштетувања на гробна опрема.
Според СВР Тетово кај настанот бил пријавен утрово во 10 часот и 15 минути, од 31-годишен гостиварец, кој ги забележал оштетувањата на неколку гробови на старите градски гробишта во Гостивар. По пријавата, екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар излегла на местото и било констатирано дека е скршена една надгробна плоча, а 4 други биле оштетени. По извршениот увид се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Покрај видливите оштетувања на спомениците, дел од опремата (кандила, свеќници, вази) која се наоѓа околу гробовите на источната страна од парцелата била расфрлана.
Од локалното архијерејско намесништво го потврдија настанот, но не можеа да кажат, кои се мотивите за ваквиот чин и побараа надлежните да го расчистат овој настан.
згм
Коментарите се затворени.