Гимназијалците на креативен начин испратија пораки за справување со родовата (не)еднаквост

Гостивар, 3 декември 2021 Триесетина средношколци во соработка со тимот Дунек изведоа едночасовна програма која содржеше пораки за подобрување на родовата еднаквост. По мотото „Верувај во родова во просториите на YCC, учениците од С.О.У. Гостивар пред публиката на креативен и оригинален начин прикажаа секојдневни ситуации во кои родовата (нe)еднаквост е присутна. Низ песна, театарска игра, рецитал и кус филм ги пренесоа последиците од оваа појава.

Од тимот Дунек рекоа дека ова е своевиден Art Showcase во кој учесниците сами ги осмислиле и ги претставија своите лични дела на филмско платно, на сцена и ги оживеаја сите сфери на уметноста.

– Идејата беше да се каже храбро и гласно дека родовите стереотипи и предрасуди се чести, проблематични, присутни се и реални и носат низа последици на генерациите што допрва треба да дадат некој придонес во општеството. Како екипа која израснала во театар, силно верувајќи во уметноста како една од најмоќните форми да се пренесат и оживеат вистинските вредности, тргнавме од идејата да го сториме истото и да им дадеме шанса на гимназијалците од нашиот град, нагласуваат од тимот Дунек кој го сочинуваат

Нинослав Нанков, Ивана Мерџаноска, Теодора Волческа и Александар Нешкоски

Коментарите се затворени.