Низ Малеарди четири дена ќе се вози по една лента
Гостивар, 7 декември 2021 Од утре па до сабота по делницата на булеварот што води од влезот на Гостивар па се до првиот кружен ток кај ДАМ КОМ, ќе има ограничување во движењњето со возила. Причината е изведување на градежни работи и поставување на водоводна линија.
Од ЈП „Комуналец“ во соопштение наведуваат дека од 08.12.2021 (среда) до 11.12.2021 (сабота), поради инсталација на главна водоводна линија со проектот на KFW и SECO, ќе се смени сообраќајниот режим по булеварот „Браќа Ѓиноски“, од надвозникот на влезот во Гостивар до првиот кружен тек.
„Првите два дена сообраќајот ќе се одвива по лентата влез во Гостивар, додека останатите два дена на лентата излез од Гостивар. Апелираме на почитување на сообраќајните знаци, внимателно возење до завршување на градежните активности.
На сообраќајницата ќе има соодветна сигнализација, а асистенција ќе има од претставници од МВР и ЈКП Гостивар.
Коментарите се затворени.