Скандалозно: Лажен оџа силувал малолетно девојче

Гостивар, 7 декември 2021 Скандалозен настан деновиве е откриен откако мајка се обидувала да го излечи девојчето од магии. Засега од истрагата се знае дека 37-годишник од Кочани, кој се претставувал како оџа, силувал 9-годишно девојче во стан во Гостивар. Тој бил повикан од мајката да ѝ го излекува детето од црни магии. Јавното обвинителство, кое бара од судот да му се изрече мерка притвор на осомничениот.

Според ОЈО, лажниот оџа во два наврата на 23 и 24 ноември во стан во Гостивар извршил полово дејствие врз детето. Откако мајката го повикала, осомничениот побарал да остане сам со детето-жртва во собата и притоа ја принудил на други полови дејствија. Девојчето од страв во прв момент не кажала ништо на мајката, но кога на 5 декември мајката сакала по третпат да го повика осомничениот, девојчето вознемирено раскажало што му се случува, по што настанот бил пријавен во полиција.

Лажниот оџа, заедно со уште двајца соизвршители од Гостивар, во повеќе наврати ја убедувале жената дека за да ги отстранат магиите треба да откопуваат различни предмети од гробишта и со тоа ги влечат магиите од неа и од нејзиниот дом. За услугата ѝ наплатиле вкупно 98.000 денари. Од обвинителството велат дека кога почнале да се договараат за нова средба, оштетената се посомневала дека е измамена и ги пријавила.

За лажниот оџа е отворена истрага за кривичното дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а за другите двајца осомничени соизвршители, поведена е постапка за кривичното дело Измама.

Коментарите се затворени.