Гимназијалците одат на регионалниот натпревар во кошарка

Гостивар, 9 декември 2021 По одигрувањето на последниот натпревар во кошарка, екипата на гостиварската гимназија се пласира на регионалните спортски игри. Во последниот натпревар од зонските натпревари СОУ беше поуспешна од СОМУ.

Бурим Бешири, претседател на Федерацијата на училишен спорт за Гостивар појасни дека деновиве се одигруваат зонските натпреварите што ги организира Федерацијата во кои настапуваат екипи од Тетово, Дебар и Гостивар

По средните училишта ќе се играат и зонски натпревари во кошарка меѓу учениците од основните училишта „Гоце Делчев“, на „Мустафа Кемал Ататурк“ и на едно основно училиште од Тетово“.

Натпреварите во одбојка, кошарка и ракомет се одигруваат спортската сала „Младост“

Пласман за понатаму, вчера обезбедија и ракометарите на СОУ.

Коментарите се затворени.