Потпишан договор за организирање на бизнис саем во Гостивар

Гостивар, 10 октомври 2021 Гостиварската локална власт потпиша договор со една агенција за организирање на дводневен саем за бизнис што би се одржал во мај идната година.

Договорот за соработка го потпишаа градоначалникот Арбен Таравари и претставниците на Еуростеп Дооел Скопје, агенцијa за маркетинг менаџмент.

По потпишувањето беше кажано дека мотивот за организација на „бизнис саем“ е желбата за унапредување и подобрување на бизнис опкружувањето на локално ниво. Тоа би биле информативни бизнис саеми со понуда и побарувачката на исто место, промоција на компании, деловното работење и нивните дејности.

Според договорот првиот настан, бизнис информативен саем ќе биде организиран на 21 и 22 мај наредната година во Гостивар.

Од општината и Еуростеп, искажаа задоволство од постигнатата соработка и најавија дека во иднина тоа ќе премине во позитивна пракса.

згм

Коментарите се затворени.