Гостиварските социјалдемократи избираат лидер и иден мандатар

Гостивар, 11 декември 2021  Во Општинската организација на СДСМ Гостивар ќе се спроведат вонредни внатрепартиски избори за претседател на партијата. Според најавите еден од тројцата кандидати треба да биде и мандатар на Владата. На ден пред изборите тие со соопштение ги повикаа членовите да излезат на гласање кое ќе се одвива во седиштето на ОО СДСМ Гостивар.

Почитувани членови на СДСМ: 

„Ве известуваме дека утре- 12.12.2021 година ќе се одржат вонрендни внатрепартиски избори на кои право на глас ќе имаат сите членови на ОО СДСМ Гостивар кои поседуваат електронска членска картичка. 

На внатрепартиските избори, во фер и демократска атмосфера, гласањето ќе биде тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.

СДСМ ја подигна внатрепартиската демократија на највисоко ниво, со што се поставува нов стандард на македонската политичка сцена.

Гласањето за претседател, ќе се спроведе во просториите на општинската организација на СДСМ Гостивар.“

стои во соопштението.

Коментарите се затворени.