Амбасадорот на Албанија во посета на Гостивар
Гостивар, 17 декември 2021 Амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река при посетата на Гостивар се сретна со градоначалникот Арбен Таравари и ги разгледуваа можностите за соработка. На средбата било разговарано и за актуелната политичка состојба во земјава.
Таравари напомена дека треба да се работи на проектите кои се финансираат од фондовите за прекуграничната соработка и за темата за евроинтеграциите на двете земји.
Двајцата оценија дека има потреба од продолжување на соработката и што поскоро отворање на преговорите меѓу двете земји со ЕУ.
Коментарите се затворени.