Заостаните плати за наставниците ќе се најдоцна до понеделник

Гостивар, 17 декември 2021 Платите за ноември за вработените во основните училишта во гостиварската општина ќе бидат исплатени во понеделник. Вака, одговори Аслијан Снопче одговорната во секторот за образование на новинарско прашање по обвинувањата од огранокот на ДУИ дека локалната самоуправа лошо менаџира со финансиите.

-Се работеше за техничка грешка и тоа во консултација со ресорните министерства е надминато. Обврската кон средните училишта е исполнета. Заостанатите веќе до понеделник ќе бидат исплатени. Сметам дека целата работа непотребно се политизира и обвинувањата се аргументирани, рече Снопче.

Коментарите се затворени.