Младинскиот ресурсен центар iCan прераснува во фондација

Гостивар, 17 декември 2021 Раководството на Младинскиот ресурсен центар iСаn одлучи од идната година да функционира како фондација која ќе обезбедува средства за поддршка на младите претприемачи во полошкиот регион

Според проект менаџер Азир Алиу, ова ќе биде прва од Фондација во полошко регион, чија цел ќе биде создавање на можности за аплицирање ЕУ проекти за подигнување на нивото на IT transfer технологии.

Во центарот денес се одржа состанок на бордот, на кој беа дефинирани деталите и беше донесена одлука за формирање на Фондацијата.

Младинскиот ресурсен центар iCan, кој беше формиран на почетокот на оваа година, започна со обуки за невработени, млади луѓе според најсовремени стандарди и е прв ваков во Македонија. Формирањето беше потпомогнато од тетовската и гостиварската локална самоуправа, централната власт, УЈИЕ, Швајцарија и УНДП.

Младинскиот центар „iCan“ во текот на оваа година реализираше над 60 различни проекти.

Коментарите се затворени.