ЈП Комуналец има нов директор, Љазами си замина, Фатон Биљали дојде
Гостивар, 21 декември 2021 Еден од најблиските соработници на градоначалникот и директор на комуналното претпријатие, Исак Љазами ја отстапи директорската фотелја.
Градоначалникот Таравари објави фотографија на која се стариот и новиот директор и дека во неговиот кабинет направиме примопредавање.
– Со почит и благодарност за неуморната работа, на досегашниот директор Исак Љазами, му врачив признание за придонес во работењето на претпријатието. Исак како еден од моите најблиски пријатели, ја вршеше мисијата со која ги направи горди мене како градоначалник, вработените претпријатие и сите граѓани на Гостивар. Исак ќе остане мој близок соработник и ќе продолжи да го нуди своето искуство преземајќи нови одговорности во процесот на развој на нашиот град, напиша Таравари
За нов директор на ЈП Комуналец е именуван архитектот Фатон Билали. За неговото назначување, Таравари ќе образложи:
Успешен млад архитект, со специфично искуство во хидроинженерството, област која е тесно поврзана со дејноста на ова претпријатие. Фатон ќе биде во служба на гостиварци и ќе оправда довербата што ја имаме во младите да им довериме важни задачи.
Коментарите се затворени.