Нов случај на семејно насилство
Гостивар, 27 декември 2021 Во гостиварската полициска станица пријавен е нов случај на семејно насилство. По семејна расправија, маж физички ја нападнал сопругата по што е задржан до расчистување на случајот.
Од СВР Тетово информираат дека четириесет и петгодишна гостиварка вчера (26 декември) во 18 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 18 часот во нивниот дом во Гостивар физички била нападната од нејзиниот сопруг Ф.Х.(34).
Тој, подоцна сам се пријавил во Полициската станица Гостивар и задржан е за натамошна постапка. По расчистување и документирање на случајот против него ќе се изготви соодветен поднесок.
Коментарите се затворени.