Таравари им ја честита новата година на сограѓаните дежурните служби
Гостивар, 1 јануари 2022 Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари во видеообраќање на сите жители на општина Гостивар им ја честита новата година и нагласи дека претходната е завршена со над сто проекти. Тој ги посети дежурните служби на полицијата и противпожарната единица.
– Со гордост ве известуваме дека ја затвораме 2021 година со над 100 спроведени проекти. Овие проекти директно влијаеја на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Активностите на терен покажуваат дека сме работеле во секоја област: образование, патна инфраструктура, канализација, водовод, рекреација, култура, рече Таравари.
На новогодишната ноќ, придружуван од соработниците и претседателот на Советот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани ги посети дежурните служби на полицијата и Противпожарната единица и Полициската станица во Гостивар. Заедно со поразговараа со пожарникарите и полицијата, им ја честитаа Новата Таравари смета дека токму кога во вечерта кога повеќето прославуваат, пожарникарите, полицајците заедно со медицинските работници се на работните места и се грижат прославата да помине без последици. Тој информриаше дека вечерта, имао еден пожар и дежурна екипа на Противпожарната единица имала интервенција на терен.
На новогодишната ноќ во гостиварско одделение за гинекологија и акушерство, немало породување и на првиот ден од новата година нема регистрирано новороденче.
згм
Коментарите се затворени.