ИРТКЖ ПОЛОГ: Ново здружение кое ќе делува на унапредување на животната средна, културата и соживотот
Гостивар, 3 јануари 2022 Отскоро и официјално започна да функционира здружението ,,Иницијатива за развој на туризам, култура и животна средина-Полог Гостивар” кое со статус на невладин субјект активно ќе делува во повеќе сектори.
Идејата за формирање на ваков вид на здружување е постара и привично ја иницираа група хумани гостиварци кои активно се грижат за бездомните животни во Гостивар. Иницијативата доаѓа од Трпе Јованоски, кому подоцна му се приклучуваат активисти од повеќе сектори. Изминатите месеци тие работеа на развивање на стратегија за развој и промоција на туризмот, културата, животната средина, но решенија на општествено-социјални проблеми со кои се соочува општината Гостивар.
Здружението, како што стои и во неговото име пред сè ќе делува животната средина и заштитата на животните, туризмот и културата. Во Секторот туризам и култура се ангажирани Даниел Ѓорѓевски-археолог и Ерсин Дико-Историчар на уметност. Тие имаат богато искуство и како активни истражувачи се автори на бројни трудови. Се приклучија на здружението преку кое сметаат дека ќе можат да ги унапредат овие сектори. Во секторот животна средина делуваат ветеринарните лекари, докторите Симо Апостолоски и Миле Алексоски, потпомогнати од преседателот на здружението и долгогодишен активист за заштита на животни Трпе Јованоски.
Во здружението активно се приклучени и експерти од сферата на образование како: Васко Гичевски и Сезгин Љутви, здравство Предраг Симјановски, информатички науки Ерсел Дико, музејска дејност Сашко Николовски.
Здружението веќе отпочнува со соработка со други невладини организации, а најавуваат соработка и со владини субјекти кои имаат важна улога.
– Соработката помеѓу невладиниот и владин сектор е нужна потреба. Преку тој модел во кој двата сектора ќе можат да функционираат на комплементарен начин, без да се наруши независноста и непристрасноста. Клучна е проценката како и начинот на размена на информации, но и механизмите на надзор, развој, надминување и решавање на различни проблеми кои се од круцијално значење за општеството, ги појаснуваат принципите на делување од ИРТКЖ Полог.
Коментарите се затворени.