Питер Ванхојте во посета на Гостивар и средба со Таравари

Гостивар, 20 јануари 2022 (МИА)  Поранешниот посредник на ЕУ во решавањето на политичката криза и автор на „пржинскиот договор“ белгискиот дипломат Питер Ванхојте, оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари при неговата посета.

На средбата, според информациите од службата за информирање на локалната самоуправа се наведува дека било разговарано за повеќе теми и пред сè актуелната политичка состојба во земјава

Гостинот кој на јавноста ѝ е познат посредник што придонесе за постигнување на Пржинскиот договор, со домаќинот се осврнале на потребата од организирање на предвремени избори.

– На средбата, во конструктивен разговор со белгискиот експерт Ванхоjте, допревме теми како: потребата од предвремени парламентарни избори, спорот на Северна Македонија со Бугарија. Исто така ги идентификувавме националните приоритети како што се економскиот развој, подобрувањето на здравствениот систем, образованието и судството, наведува градоначалникот Арбен Таравари.

Во соопштението се наведува дека на средбата е констатирано дека клиентелизмот е неприфатлив во функционална демократија, бидејќи не ги третира сите граѓани подеднакво, па затоа сите партии треба да имаат главен приоритет промена на клиентелистичкиот систем.

згм

Коментарите се затворени.