Дебата: Како да се подобри наплатата на општинските даноци
Гостивар, 31 јануари 2022 Една од опциите на општините да излезат од милионските долгови и да се зголемат вложувањата во инфраструктурата е да подобри наплатата на даноците. Недостигот од база на податоци, ниската даночна дисцплина и слабата даночна моќ значително влијаат во прибирањето на парите од данок на имот, продажба и слично. Овој заклучок го потврдија тројца градоначалници на Гостивар, Куманово и Тетово. Тие на дебата која се одржа во салата на советот на општина Гостивар ги разменија искуствата и дадоа свои мислења.
Пред почетокот на дебата Арбен Таравари посочи дека локалната самоуправа наскоро ќе започне со кампања за која, како што рече ќе сензибилизира граѓаните да ги намират долговите и надминуваат седум милиони евра.
– Нашата општина спаѓа во групата на оние кои имаат ниска наплата на даноците и тоа значително влијае врз вкупниот долг од околу пет милиони евра. За да го намалиме долгот и да продолжиме со инвестиции ќе мора да се подобри наплатата. Ние ќе започнеме со кампања со која ќе ги мотивираме граѓаните и да им укажеме дека секоја нивна потреба ќе се исполни со парите собрани од даноци. Тие пари се враќаат пак кај нив, како улица, каналзиација, парк, училиште, рече Таравари.
Како пример дека подобрената наплата даноците, може да придонесе за успешно работење на една локална самоуправа беа посочени примерите на општина Куманово која успеала да се раздолжи за 11 милиони евра и општина Кавадарци каде наплатата достигнува 90 проценти
Гостинот од Куманаво, градоначалникот Максим Димитриевски го сподели неговото искуство, но потенцира дека се соочуваат со финансиски последици од фискалната децентрализација. Тој смета дека граѓаните првенствено треба го плаќаат данокот на имот, кој според него е најнизок во Европа 0,1% од вкупната вредност.
– Редовното плаќање на даноците обезбедува стабилна и силна општина и тоа им го докажавме на нашите сограѓани и успеавме во тоа да ги убедиме. Па така ние започнавме со мојот личен пример и со вработените во администрацијата, рече Димитриевски.
На дебатата беше кажано дека три работи се клучни за подобрување на наплатата: Ажурирање на даночната евиденција преку софтвер и правење на база на податоци, како што е примерот со Кавадарци.
Билал Касами градоначалникот на Тетово, напомена дека наплатата на даноците во неговата општина е ниска и се движи помеѓу 20 до 30%. Тој е согласен дека мотивирањето на граѓаните и транспарентноста се клучни.
Коментарите се затворени.