Започна пролетното уредување на парковите
Гостивар, 17 февруари 2022 (МИА) Со поткастрување на дрвјата, чистење на тревните површини и подигање на смет од парковите започнаа активностите ЈП Градски паркинзи и зеленило за пролетното уредување во Гостивар.
Од претпријатието велат дека ги користат погодните временски услови за почнат со уредувањето на јавните површини што ќе придонесе за поубав изглед на парковите и местата кои гостиварци ги користат за одмор и разонода.
Неделава, активностите започна во малиот парк во центарот на градот, каде ќе се продолжи со хортикултурно уредување.
– Годинава поради добрите временски услови порано ги почнуваме работите за одржување и уредување на зелените површини. Од наредната недела интензивно ќе се работи во големиот парк, а потоа и во населбата Малеарди. Според плановите засилено ќе работи и во март-април, бидејќи добивме многу барања за креирање на зелени површини, изјави Беким Челебиу, директор на ЈП „Градски паркинзи и зеленило“
Освен во градот, претпријатието ќе работи на уредување и во околните села каде изминативе години се изградија паркови и хортикултурно беа уредни десетина хектари.
– За оваа година планираме нови паркови во Дебреше и Чајле. По кејот од десниот брег на Вардар ќе инсталираме нов систем за наводнување и урбана опрема, рече Челебиу
Од вкупниот буџет на претпријатието од околу 350 илјади евра, над 80 илјади се предвидени за одржување на постојните зелени површини и паркинзи.
Коментарите се затворени.