За непрописно престигнување казнети 19 возачи

Гостивар, 21 февруари 2022 Завчера (19 февруари) на гостиварското подрачје од 10 до 15 часот спроведена е акциска контрола за престигнување, откриени и санкционирани се 19 прекршоци. Најголемиот број од нив се однесувале на престигнување на забранети места. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби, кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. Доколку престигнувањето е во колона возила или на непрегледно место, прекршителите ги очекува и мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се тројца возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола.

Коментарите се затворени.