Средба за поддршка на жените заболени од рак на дојка
Гостивар, 27 февруари 2022 Жените од гостиварско кои се борат со канцер на пригодна средба во пресрет на 8 Март добија поддршка од две здруженија, лекари и локалната самоуправа. На неформалното дружење во кафулето Бејби Блу, неколку гостиварки слушнаа совети од лекари онколози, добија ваучери за фризерски услуги и розови панделки симболот борбата против рак на дојка.
Билјана Беловинова од здружението When in trouble која беше домаќин на средбата нагласи дека на жените кои се борат со канцер им е потребно внимание и поддршка и не само во кампањи и празници.
Биба Додева претседателката на здружението „Борка“ ја истакна важноста од ваквите средби, бидејќи како нагласи не сме да се игнорираат секојдневните проблеми со кои се соочуваат овие жени.
– Ќе им подариме ваучери за бесплатни фризерски услуги, бидејќи знаеме дека косата опаѓа и тоа може да биде еден од поголемите проблеми со кои се соочуваат жените. Освен што како здружение обезбедуваме бесплатни перики, со ваучерот може да појдат на фризер и направат фризура, по терапијата и конечно да се чувствуваат женствено, затоа што ракот не означува смрт“, рече Додева.
Првиот човек на општина Гостивар ја истакна неопходноста од поддршка и напомена дека наскоро во Гостивар ќе се започне со скрининг за побрзо откривање карциномот, а тоа ќе биде платено со пари од општинскиот буџет.
Онкологот Илир Исмаили на средбата ја истакна важноста од превенцијата на ракот на дојка, бидејќи како што кажа оваа болест е водечка според бројките. Тој напомена дека во земјава, секоја година има помеѓу 750 до 800 новодијагностицирани случаи и оцени дека е исклучително важно да се прават почести прегледи со мамографија, ехо на дојка и самопреглед
Коментарите се затворени.