Општината го одврза ќесето: Над 100 илјади евра за поддршка на клубови, здруженија и претпријатија
Гостивар, 28 февруари 2022 На петтата (5) седница на Советот на Општина Гостивар, се најдоа повеќе точки кои се однесуваа на доделувања финансиски средства на спортски клубови, здруженија и јавни претпријатија. Советниците изгласаа одлуки да се од општинската каса да се издвојат над сто илјади евра за нивното работење и опстојување.
Второлигаш ФК Гостивар ќе се финансира со близу 25 илјади евра, прволигашот КК Гостивар ќе добие околу 2 милиони денари. Поддршка добија и шаховскиот клуб, ФК Арсими од Чегране и ракометарите од Јехона. Пари ќе добијат и здруженија кои ги нивните активности ги насочуваат кон младите (училишна фудбалска лига), и центар за млади.
Од општинската каса ќе се издвојат и пари ЈП Градски паркинзи и зеленило.
По завршувањето на работниот дел, советниците дискутираа и околу исплатата на паушалите кои ги добиваат и учеството во комисии.
Од поважните одлуки на денешнта седница беше и формалното почнување со работа на Центарот за аутизам Блу пазл/Blue Puzzle. Основањето на оваа установа која ќе функционира во поранешниот приватен колеџ „Јахја Кемал“ установата едногласно го поддржаа сите присутни советниците.
На предлог на советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Ќироска беше одржана куса комеморација во чест на неодамна починатиот академик Радован Павловски.
Коментарите се затворени.