ЦРНА ХРОНИКА: Тепачки и насилство
Гостивар, 7 март 2022 Нетрпеливот и кавги завршиле со насилство и повреди. Полицијата напишла пријави за насилниците, а еден лишен од слобода.
Содветен поднесок му е поднесен на 29-годишниот гостиварец И.Б., кој околу 14 часот во семејниот стан на ул.Иво Лола Рибар физички ги нападнал неговите родители.Според пријавеното, во нападот тој употребил и метален предмет со кој го повредил татко му. Набрзо по пријавувањето тој е лишен од слобода.
Педесет и едногодишниот П.Р. од гостиварска Железна Река вчера (6 март) во 14 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу пладне во селото физички бил нападнат од Ј.Н.(51) и неговата сопруга Т.Н.(48) од истото село.Случајот целосно е расчистен и на двајцата ќе им бидат изготвени законски предвидените поднесоци.
Вчера (6 март) околу 15 часот и 40 минути, полициски службеници го лишиле од слобода 41-годишниот Б.А. од Неготино –Полошко. Тој претходно бил пријавен од неговата поранешна 33-годишна сопруга дека со употреба на сила влегол во нејзиниот дом и и ги одзел двете малолетни деца.
Б.А. вчеравечер околу 21 часот бил спроведен на дозиздржување на затворската казната во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје, додека децата се вратени на мајката на која со судско решение и’ биле оставени на чување. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот
Коментарите се затворени.