Недисциплина во превозот на ученици: претовар, три возила исклучени од сообраќај
Гостивар, 7 март 2022 (МИА) Во последните контроли на возила кои вршат јавен превоз на ученици во гостиварско, биле откриени прекрошци. Двајца возачи ги управувале возилата без лекарски уверенија, а кај едно возило бил констатиран претовар, едно ја немало потребната опрема, додека еден возач управувал без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.При контролата, две возила веднаш биле исклучени од сообраќај, додека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Пред три дена во ваква акциска контрола која била спроведена на пет локации. санкционирани биле 11 прекршоци. Најмногу претовар на патници (3).Три возила исклучени се од сообраќај, а времено била одземена и една сообраќајна дозвола.
Од полицијата најавуваат контролни активности од овој вид и карактер планирани и во наредниот период. Нивната цел е да се придонесе за поголема безбедност на учениците кои користат јавен превоз до нивните училишта и домови.
Коментарите се затворени.