Брзи и бесни: За брзо возење казнети 793 возачи
Гостивар, 13 март 2022 Брзото возење и натаму е привлечно за неодговорните возачи кои и покрај високите казни и ризикот и натаму притискаат на педалот за гас. Само вчера (12 март) од 8 до 20 часот сообраќајците откриеле и санкционирале вкупно 16 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место
Покрај ова, санкционирани се и 14 возачи (ГВ) кои ја пречекориле брзината во населено место. Во контролата, со законски предвидените мерки, односно поднесоци биле санкционирани и 14 други видови прекршоци.
Загрижувачи е што од почетокот на годинава има близу 800 прекрошци за пребрзо возење. Од СВР Тетово наведуваат дека во изминатите два и пол месеци од годинава, низ гостиварското подрачје изречени се вкупно 793 мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина од возачите.
Речиси половината (373) во текот на овој месец.
Најголемиот број од мерките се однесувале на пречекорувања надвор од населено место, пред сѐ на магистралата и автопатот.
Меѓу возачите-прекршители констатирани се случаи на возење со брзина и за 50 и 70 километри на час повеќе од дозволената.
На пребрзите возачи изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 45 до 400 евра и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
СВР Тетово повторно со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, со што најнепосредно ќе придонесат за посигурни патишта во регионот и пошироко.
Коментарите се затворени.