Вработените во „градски паркинзи и зеленило“ добија униформи

Гостивар, 18 март 2022  Вработените во ЈП „Паркинзи и зеленило“ ќе ги извбршуваат обврските во униформи.Во иднина тие ќе бидат позабележителни и препознатливи. Градоначалникот Арбен Таравари оваа новина ја објави на неговиот фејзбук профил. Новата работна гардероба е донација од Турција.

– На вработените во претпријатието „Градски паркинг и зеленило“ им врачивме 70 комплети униформи, донација од Општина Бајрампаша – Турција. Срдечно им благодарам на донаторите за оваа многу потребна донација за овие вработени, стои во обајвата.

Првиот човек на општината дополнува дека вложуваат во вработените во службите кои се под ингеренции на локалната самоуправа.

– Општина Гостивар отсекогаш се грижела за вработените во претпријатијата и со зголемување на платите до 75% и континуирано обезбедува работна опрема за создавање на подобри услови за работа, наведува градоначалникот Таравари

Коментарите се затворени.