Гостивар доби „умни контејнери“
Гостивар, 17 март 2022 Локалната самоуправа промовира почеток на проект од кој се очекува подобрување на јавната хигиена и навиките за одложување на сметот со помош на современата електронска технологија. На активирањето на првиот подземниот „Смарт контејнер“, беше кажано дека станува збор за иновативно решение и искуство од развиените земји.
– Станува збор за пилот-проект и поставување на првите два контејнери. Се надеваме дека оваа новина ќе придонесе за подобрување на јавната хигиена во нашиот град. Ова е најсовремен начин за третман на отпадоците. Граѓаните од одредено подрачје имаат картичката за користење и можат да го користат, без притоа да се носи отпад од други регион, рече Таравари.
Овој систем е земен како пример од Швајцарија и значително помага при селекција на отпадот.
Првите „Смарт контејнери“ се инсталирани со помош на Хамди Заими иселеник од гостиварско, кој претходно контактираше со општинските власти и понуди соработка.
Засега се само на една локација, во градскиот парк, во близина на парикингот на општата болница
Коментарите се затворени.