Денот на екологијата одбележан со повеќе активности

Гостивар, 21 март 2022 Општинската власт, комуналните претпријатија и училиштата со повеќе активности го одбележаа 21 март, денот на екологијата.

На градскиот плоштад, под мотото „Се грижиме“ на минувачите и граѓаните, „комуналците“ делеа летоци и печатен материјал со еколошки пораки

Првиот човек на општинскиот совет Ваљбон Лимани упати апел до граѓаните за да бидат посовесни во односот кон околината и обврските да се зачува од загадување.

Оваа година гостиварската локална самоуправа годинава издвои 4,3 милиони денари за унапредување и заштита на животната средина.

Според одговорниот за животна средина, Зуди Џелили овие пари се наменети за реазлизација на годишната програма за животната средина која опфаќа: грижа за амбиенталниот воздух, проширување на зелените површини, проекти за подигнување на јавната свест за екологијата. Џелили напомена дека наскоро (7 мај) ќе се спроведе акција за генерално чистење на градот за што е потпишан меморандум со една невладина организација.

Учениците од повеќе општински училишта во спортската сала на гимназијата ги претставија креациите и идеите што ги работеле со нивните наставници на тема животна средина. Тие прикажаа ликовни решенија, визии за околината и гардероба изработена од рециклирани материјали. Најуспешните трудови беа наградени.

Коментарите се затворени.