Фатени сторители на осум тешки кражби чиј плен бил два милиони денари
Гостивар, 31 март 2022 (МИА) Гостиварската полиција приведе две лица и расчисти серија на тешки кражби во кои пленот бил со вредност од над 2 милиони денари. Осомничени се две лица кои „работеле“ во тандем и провалувале во продавници обложувалници.
Според СВР Тетово, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар целосно расчисти 8 тешки кражби за кои се сомничат дека ги извршиле Љ.С.(39) од гостиварско Чегране и И.С.(35) од гостиварско Форино. Двајцата, вчера (30 март) во 3 часот и 45 минути и во 12 часот и 50 минути биле лишени од слобода во Гостивар и Форино. Во текот на активностите за расветлување на случаите кои биле регистрирани на минатата и оваа година, биле обезбедени докази дека осомничените со употреба на сила и разновиден алат влегувале во спортски обложувалници, маркети и продавници за мобилни телефони во Гостивар. Покрај парични средства, одзеле технички апарати и други предмети, при што противправно се стекнале со вкупна имотна корист од околу 2 милиони денари.
Наскоро на Љ.С. и И.С ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик
Коментарите се затворени.