Вчера било нервозно: Нападнат е полицаец на должност, а имало и други три тепачки

Гостивар, 13 април 2022   Полицијата вчера регистрирала четири нарушувања на јавниот ред и мир со физички пресметки и напад на полицаец.

Синоќа во Полициската станица Гостивар е повикан гостиварецот Б.А. (45) инаку вработен во болницата „Ферид Мурад“. За него постои основано сомнение дека околу 19:40 часот во Ургентниот центар на гостиварската општа болница, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По расчистување на случајот против Б.А. ќе следува поднесок.

Заради нерасчистени меѓусебни должничко-доверителски односи, дваесет и деветгодишниот И.С. од Зубовце, вчера (12 април) во СВР Тетово пријавил дека околу утрото во Зубовце физички бил нападнат од С.М.(45). Случајот целосно е расчистен и против С.М. ќе следува поднесок.

До физичка пресметка и недоразбирања во сообраќајот во 18:30 часот по „дебарска улица“ (ул ЈНА), дошло до нарушување на ЈРМ. Подоцна, дваесет годишник од Топлица пријавил дека е физички нападнат од едно лице чиј идентитет на полицијата не и познат.

Напад пријавил и Ф.М. (40) од гостиварско Чегране. Тој тврди дека околу пладне во дворот од куќата на неговата сестра во Чегране физички бил нападнат од Б.Р.(42) од истото село.

Коментарите се затворени.