Во мрежата на полицискиот радар „влетале“ 15 возачи со преголема брзина
Гостивар, 13 април 2022 Во контролите на полцијата, вчера и денес (12/13 април) од 8 до 1 часот и 30 минути по полноќ, била спроведена спровеле зајакната контрола на брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место.
Со користење на „ноќен радар“, откриени и законски санкционирани се вкупно 15 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои еден возел 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Откриени и со соодветни поднесоци биле заокружени и десет (10) други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово упатува апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да на је доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Во првите три месеци од годинава неприлагодената брзина е најчестиот прекршок на тетовско-гостиварското подрачје, но и најчестата причина за случените сообраќајни несреќи.
Коментарите се затворени.