Почна замената на прозорците во гимназијата
Гостивар, 15 април 2022 Започна проектот со кој беше предвидена замена на прозорците на гостиварската гимназија. Инвестицијата од околу 60 илјади евра е заедничка на УСАИД и општина Гостивар.
Од локалната самоуправа потврдија дека вчера започнале подготвителните работи, а денес веќе се поставуваат новите прозорци од предната страна на објектот на Средното општинско училиште-Гостивар.
– Благодарение на соработката со УСАИД преку Проектот за меѓуетничка соработка на младите во училиштата, општина Гостивар доби грант за замена на дел од прозорците во ова училиште. Поттикнати од ова, решивме да одвоиме дополнителни средства и да ги замениме сите прозорци на објектот. Со оваа вложување значително ќе се подобрат условите за настава и ќе се постигне подобра енергетска ефикасност, велат од општина Гостивар.
Во февруари беше потпишан меморандум за соработка како дел од проект за замена на столаријата на над осумдесет прозорски окна во гостиварската гимназија. Преку УСАИД од проектот Меѓуетничка интеграција на младите во образованието се обезбедни 1,7 милиони денари, а преостанатите два милиони се обврска на општината.
Според директорот на гимназијата Мирсад Исеини, работите наскоро ќе продолжат и на задниот дел од објектот, а веќе се планира и поставување на нова енергетски ефикасна фасада.
СОУ-Гостивар е најстарото средно училиште во општината и во него настава на три јазици (албански, македонски и турски) следат близу илјада ученици.
згм
Коментарите се затворени.