Велигденски концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“

Гостивар, 20 април 2022 Градското аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ во четврток (21.04.2022) ќе го одржи традционалниот целовечерен Велигденски концерт.

Настанот, годинава е во организација на НУ Центар за култура „АСНОМ“ со поддршка на Министерството за култура на Р.С. Македонија

Од ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ информираа дека концертот ќе биде исполнет со програма од народни песни и игри. Пред публиката, фолклорната секција ќе се претстави со оркестарски изведби на македонските ора „Тресеница“, „Водарки“, „Повардарие“.

Како вокални солисти ќе настапат и Бојан Илиески, Мирослав Крстески и Јовица Николоски.

Почетокот е закажан за 19 часот во големата сала на центарот.

Од најстарото културно уметничко друштво во Гостивар, упатуваат покана до сите љубители на народниот фолклор да го проследат концертот и на православните верници им честитаат големиот христијански празник Велигден.

Коментарите се затворени.