Семејните проблеми ги решавале со тепачка во суд
Гостивар, 21 април 2022 Наместо судски да ги решат недоразбирањата, се степале пред судница. Еден гостиварец е лишен од слобода, а пет лица меѓу кои и две жени се задржани во полициска станица. Тие се сомничат дека вчера претпладне дека го нарушиле јавниот ред и мир и се степале меѓусебно во гостиварскиот суд. Несекојдневниот настан е пријавен во полиција, каде се работи на расветлување на случајот и околностите кои довеле до него.
Според СВР Тетово, вчера во 15 часот и 20 минути, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода В.Д. (30) од Гостивар. Нешто подоцна на службен разговор во полициска станица биле задржани, В.А.(61), 26-годишната Е.Ј, К.Д.(54), Љ.Ј.(52) и 50-годишната В.Д., сите од Гостивар.
Овие шест лица се сомничат дека претпладнето околу 10:30 часот учествувале во меѓусебна физичка пресметка во просториите на Основниот суд Гостивар, каде учествувале на судска расправа. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Коментарите се затворени.