Здружение When In Trouble: Хуманитарен Велигденски базар за социјално загрозените семејства
Гостивар, 23 април 2022 Активистите на здружението When In Trouble по повод православниот празник Велигден вчера, во дворот на црквата „Пресвета Богородица“ организираше Хуманитарен Велигденски базар. Средствата собрани од продажбата се наменети за лицата од социјално загрозени семејства.
– Во соработка со гостиварското архијерејско намесништво по паузата заради пандемијата, повторно го организиравме овој базар. Парите кои се собрани ќе се искористат за купување на прехранбени продукти кои нашите активисти ќе ги спакуваат и ќе ги распределат на лицата на кои тоа им потребно за овие празнични денови, рече Билјана Беловинова, претседателка на здружението.
Таа искажа благодарност до сите компании и поединци што донираа производи кои се најдоа на штандот за продажба на Велики петок. Покрај слатки, на базарот беа понудени и рачни изработки и украси.
Коментарите се затворени.