Си шибаат и гајле немаат: Фатени тројца кои со „стотка“ возеле низ град

Гостивар, 26 април 2022  Празничниот понеделник за „љубителите“ на брзото возење не бил среќен ден. Дел од нив биле санкционирани со парични казни, а тројца низ населено место возеле со брзина за 50км/ч поголема од дозволената

Од СВР Тетово инфромираат дека полициски службеници вчера (25 април) од 14 до 20 часот, спровеле акциска контрола во која биле изречени вкупно 74 мерки за пребрзо возење.

Дваесет и девет (29) се однесувале на возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место. Од нив тројца „газеле“ за повеќе од 70 киломатри на час.

Во контролата биле санкционирани и 41, кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место. Тројца возачи биле фатени нарадар со брзина на движење поглема од дозволената 50 километри на час. Покрај тоа, со соодветни поднесоци заокружени се и 8 други видови прекршоци.

Коментарите се затворени.