Православните гостиварци го празнуваат Источен Петок-Балаклија
Гостивар, 29 април 2022 Со масовна посета и света архијерејска литургија во црквата Света Петка, православните гостиварци ја започнаа прославата на Источен Петок-Балаклија. Првиот празник по Велигден е посветен на Мајката божја и нејзините чуда.
По литургијата, традиционално беше извршен водосвет, чинот на осветување на водата која верниците ја земаат за здравје.
Источен Петок-Балаклија спаѓа во Светлата недела и верниците ѝ оддаваат на почит на Пресвета Богородица. На овој ден е обновен и храмот посветен на Богородица во Цариград, познат и како Живоносен Извор. Се верува дека изворот со вода во овој храм е чудотворен. Верниците на овој ден ги посетуваат изворите или ги мијат лицето и очите со осветена вода за здравје и исцелување.
Коментарите се затворени.