Акција за чистење: На 7мај се организира „генералка“
Гостивар, 29 април 2022 Во заедничко партнерство на Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН се организира чистење и собирање на отпадоци под името: ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Акцијата е планирано да се изведе на 7 мај на четири локации низ Гостивар.
Според предвиденото чистењето од смет и комунален отпад ќе се врши во околината на СЕОУ „Гостивар“ (средно економско), општата болница, градскиот пазар и домот на културата.
Повикот што го упатија локалните власти и организаторите е под мотото „Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!
Организаторите ја појаснија идејата за генерално чистење на градот.
– Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад, ќе придонесе во засадувањето на новите пристапни шуми „СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година.
Во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.
Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, е една од активностите за се придонесе во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и зачувување на животната средина
Коментарите се затворени.