Не ги вратила позјамените пари, љубовникот објавил експлицитни фотки

Гостивар, 31 мај 2022   Невозвратена љубов или невратени пари се мотив за уште еден случај со објавување на приватни фотографии и содржини по социјалните мрежи. Овој пат полицијата ќе го расчистува случајот.

Според СВР Тетово, триесетгодишна гостиварка вчера (30 мај) во 15:45 часот пријавила дека ѝ е нарушена приватноста. Таа посочила машко лице од кичевско на возраст од триесетина години, со кое била во љубовна врска. Според пријавата нему му должела парични средства, а тој на една од социјалните мрежи преку лажен профил објавило компромитирачки содржини за неа.

Од полицијата информират дека случајот се расчистува и е документиран.

Коментарите се затворени.