Гостивар, 13 јуни 2022 Во среда (15.06) на големата сцената во домот на културата ќе биде весело и разгирано. Од Културно здружение „ ДУНЕК “ Гостивар
најавија програма во два дела, исполнета со танци и игра која ќе изведуваат, наши, гостиварски дечиња.
– Со завршувањето на курсот за оваа сезона, нашите талентирани девојчиња ќе настапат во Центарот за култура АСНОМ. Прв е настапот на групата хип-хоп под мотото „Слушнете ја музиката, почувствувајте го танцот”. Тоа ќе биде ќе биде своевидно размрдување со r&b, рап и хип хоп звуци, рекоа од ДУНЕК.
Во големата сала ќе се изведе и танцова претства. Во неа учествуваат членовите од групата на модерни танци.
– Оваа група ќе се појави на сцената во има со изведба во танцовата претстава “Петтиот елемент”. Перформансот ги прикажува проблемите со кои се соочува природата.
Репертоарот е грижливо избран и од ДУНЕК ве покануваат да дојдете во што поголем број, бидејќи влезницата е симболична во износ од 50 денари.
Заедно со Radio G и вие дадете поддршка на овој линк.
Коментарите се затворени.