Кривични пријави за петмина, полицијата расчисти осум кражби

Гостивар 17 јуни 2022 (МИА) Полицијата осомничи пет лица лица дека сториле осум кражби на добиток и производи од продавници во Гостивар, чија вредност надминува четири илјади евра. Едната група во која има и малолетник од штала на сточар украле јагниња, а другите двајца биле „специјалисти“ за маркети.

Од СВР Тетово информираат дека Одделение за внатрешни работи Гостивар целосно расчисти осум кражби и тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против: Е.А.(26), И Ф.(30) и малолетник, сите од гостиварски Добридол и против Л.С.(40) и С.И.(36) од гостиварско Форино.

            – Првите тројца пријавени од Добридол се сомничат дека во текот на овој месец во неколку наврати противправно одзеле добиток од штала во гостиварско Сенокосе и го продале на други лица. Другите двајца од село Форино во март годинава извршиле тешки кражби во маркети во Гостивар. Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244 илјади денари, наведуваат од СВР Тетово.

згм

Коментарите се затворени.