Скијачот Виктор Петров на прием кај градоначалникот Таравари
Гостивар, 21 јуни 2022 (МИА) Виктор Петров скијач со најдобар рејтинг во Македонија на приемот кај градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари доби благодарница за постигнатите резултати мината сезона и популаризација на родниот град.
Петков кој има 65 FIS точки во разговорот со првиот човек на градот кажа дека годинава имал 31 меѓународен настап и освои 11 подиуми од кои две први места. Пред него е мала пауза, по што ќе следуваат тренинзите и подговотвките за натпреварувачката сезона.
– Големо задоволство е што се среќавам со ваков врвен спортист и особено сум горд што најдобриот скијач е од Гостивар. Со него разговаравме за плановите и подготовките и за претстојното Светско првенство во Франција. Виктор е пример што младите треба да го следат, а тој самиот е доказ дека може да се гради успешна кариера и тука, рече Таравари
Виктор Петков (22) е студент на факултетот за физичка култура и е член на скијачкиот клуб Сноу спорт клуб (Snow sport club). Тој како член на македонската репрезентација лани 2021 година во финалето во велеслалом на Светското првенство во Кортина Д’Ампецо, го освои 36-тото место.
Коментарите се затворени.