Благодарници и ваучери за младите математичари

Гостивар, 21 јуни 2022 Дванаесет гимназијалци кои учествуваа на „Кенгур“ натпреварите и шестоодделенецот Дијар Адеми, освојувач на прво место беа на прием кај градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. За постигнатите успеси тие добија благодарници и ваучер.

Градоначалникот во честитките за остварените резултати ја потенцираше и важноста на менторите кои работат со талентираните деца и го развиваат нивниот талент и како што рече тие треба да бидат пример за сите.

– Професорот од гимназијата Мухамед Муслиу, важи за успешен наставник и скоро секоја година ни носи ученици кои освојуваат награди на натпреварите по математика. Талентот треба да се препознае, затоа е добро и наставниците да го следат овој пример, бидејќи овие талентирани деца понатаму ќе се развијат како интелектуалци и добри професионалци, рече Таравари по приемот.

На приемот благодарници од градот добија: Виктор Угриноски, Теодора Николоска и Зорина Савеска со менторката Ирина Нофитоска и нивните весници Алдин Агаи, Мерита Алиу, Влора Весели, Назми Идризи, Виган Демири, Едон Фетаји, Хана Рамадани, Амина Фидани, Диелза Јусуфи и менторот Мухамед Муслиу

Во кабинетот на „таткото на градот“ дојде и Дијар Адеми со неговите родители. Тој изминативе месеци покажа извонредни резултати на повеќе натпревари. Овој млад математичар кој се образува во приватното основно училиште „Јахја Ќемал“ имаше запазени настапи во околните држави и прво место на последниот државен натпревар.

Коментарите се затворени.