Соработката на Демокраси Лаб и општина Гостивар за Центарот за Млади и Заедницата (YCC) продолжува за уште четири години.

Гостивар, 30 јули 2022 Соработката која ја остварија Здружението за унапредување на демократијата – Демокраси Лаб и општина Гостивар ќе продолжи наредниве четири години во рамки на проектот „Центар за млади и заедницата“ – ЦМЗ Гостивар.

Меморандум за соработка предвидува продолжување на финансиската поддршка од општина Гостивар и во наредните 4 години.

На потпишувањето градоначалникот на Гостивар, г. Арбен Таравари и директорот на Демокраси Лаб, г. Сефер Селими дадоа свое видување за плановите и сработеното

– Морам да кажам дека имаме многу добар одзив од младите, со оглед дека ова е првиот младински центар што се отвори во Гостивар. Во овој центар се работи и има многу активности. Нашата поддршка ја дадовме на почетокот и се заложивме да ја добива поддршка на локалната самоуправа. Искрено се надеваме дека и понатаму ќе продолжат успешно да работат, рече градоначалникот.

Центарот за млади е основан во септември 2018 година во партнерство помеѓу Демокраси Лаб, Општина Гостивар, Амбасадата на САД во Северна Македонија и локалните бизниси. Центарот за млади и заедница (YCC) во Гостивар се покажа како успешен модел. Во овие речиси 4 години од своето работење, YCC го посетиле над 14.000 посетители и има организирано повеќе од 350 различни настани. Плановите за во иднина водат кон создавање на програми со кои ќе се ангажираат уште повеќе млади луѓе од Гостивар и околината.

– Продолжуваме да нудиме програми за неформално образование за младите од Гостивар и нашиот простор е достапен за секој член на заедницата кој сака да донесе позитивни промени во Гостивар. Наша цел е да ги обединиме членовите на заедницата, да ги славиме нашите богати култури и да изградиме поинклузивна заедница, рече Сефер Селими

Главната улога на младинските центри е да го помагаат личниот и социјалниот развој на младите и да развиваат вештини како и други особини на нивниот карактер за соочување со реалниот свет и секојдневниот живот во кој се дружат, создаваат, комуницираат и дејствуваат.

Коментарите се затворени.