Во четврток се отвора канцеларијата за иселениците
Гостивар, 5 јули 2022 (МИА) Гостиварските општински административци до крајот на летото ќе им помагаат на граѓаните околу приемот на документи и ќе даваат совети за комунални прашања. Од локланата самоуправа информираат дека од овој четврток (7 јули) во Центарот за општински услуги што се наоѓа на приземјето на општинската зграда ќе функционира посебна канцеларија по едношалтерски систем. Работното време ќе биде продолжено и канцеларијата ќе биде отворена до 18:00 часот.
Од Општина Гостивар појаснуваат дека оваа иницијатива е дополнителна услуга по повод доаѓањето на печалбарите во родниот повторно ја става во функција Канцеларијата за иселениците.
– Очекуваме оваа година бројот на иселеници кои ќе дојдат во родниот крај да биде значително поголем, затоа им посакуваме пријатен престој и одмор во татковината, стои во известувањето.
Локалната самоуправа со отворањето на оваа канцеларија на печалбарите им овозможува подобро информирање за услугите и до кои институции да се обратат. Канцеларијата изминативе години се отвора, во летниот период и околу новогодишните празници.
згм
Коментарите се затворени.