Татко пријавил дека му ја грабнале ќерката, полицијата ја нашла „бегалка“ во Скопје.

Гостивар, 13 јули 2022 Грабнување невеста „по гостиварски“ добила полициска завршница. По пријавата, полицијата подигнала потрага по што било утврдено дека девојката е во Скопје кај лице за кое сакала да се омажи. Дали се работи за кривично дело или само романтична приказна, ќе се расчистува во ОВР Гостивар.

Несекојдневен настан се случил во близина на седиштето на противпожарната единица вчера околу пладне. Во тоа време „младата невеста“ шетала со нејзината сестра по што во еден момент, според пријавеното се појавиле повеќе лица и ја внесле во возило. Неофицијално во „грабнувањето“ учествувале зетот и свекрвата. Набрзо тие заминале во непознат правец.

Од полицијата информираат дека Б.Т. (44) од Гостивар вчера (12 јули) во СВР Тетово пријавил дека околу 13 часот и 30 минути на улица „Беличица“ во Гостивар две машки и едно женско лице со употреба на сила во возило ја внеле неговата 18-годишна ќерка и се оддалечиле од местото. Преземени се мерки и утврдено е дека ќерката на Б.Т. се наоѓала кај лице во Скопје. Се расчистува и документира случајот.

Коментарите се затворени.