Гостивар се збратими со општина Кутахја од Турција

Гостивар, 29 јули 2022 Со потпишување на меморандумот за соработка општина Гостивар се збратими со општина Кутахја од Турција. Во иднина двете општини ќе имаат соработка на проекти од повеќе области, настани и ќе остваруваат меѓусебна соработка.

Збратимувањето беше официјализирано по посетата Алим Ишик и неговите соработници на Гостивар и приемот кај градоначалникот, Арбен Таравари

Гостите посетија повеќе места во Гостивар, како и местото каде што врз основа на потпишаниот меморандум, општина Кутахја, ќе гради летно кино.

– Тоа е неопходен проект за развој на културата на во нашиот град. Секако дека соработка со оваа општина која има развиена индустрија во сферата на производството на стакло и порцелан, може да вроди со плод и стопанствениците од таму да го донесат својот капитал и да вложуваат во Гостивар, рече градоначалникот Таравари.

Соработката помеѓу двете општини опфаќа и одржување на заеднички средби, семинари, средби, културно-спортски манифестации и меѓусебни посети најмалку еднаш годишно.

Коментарите се затворени.