Градот ќе се „освежи“ со три мурали

Гостивар 11 август 2022 (МИА) Локалната власт, со три мурали ќе разубавува јавни објекти низ градот. Урбани пораки ќе бидат насликани на места кои ќе испраќаат пораки на авторите. Деновиве, неколку волонтери кои практикуваат урбана уметност го завршија првиот мурал на шеталиштето на кејот.

Првиот човек на општината објасни дека станува збор за активности од проект кој е започнат од претходно.

            – Со поддршка на општина Гостивар, членовите на Клубот на Млади Турци (Türk Gençlik Kulübü) продолжуваат со проектот „Да го бојадисаме Гостивар“. Нивниот ангажман има за цел да го разубави градот и нашата животна средина со три мурали. Првиот мурал, веќе е насликан на објект на шеталиштето на кејот на Вардар, објасни градоначалникот Арбен Таравари во постот на фејзбук профилот.

Мотивите на делата содржат елементи и пораки кои го нагласуваат урбаното живеење, а на местата на кои ќе бидат насликани, естетски ќе ја разубават околината.

згм

Коментарите се затворени.