Уапсени петнаесет лица, се соочуваат со пријави за поттикнување, учество во тепачка и насилство

Гостивар, 12 август 2022  (МИА)  Петнасетина лица од Гостивар и околни села за два дена биле лишени од слобода заради учество во масовна тепачка која се случи во средата навечер на улица во Гостивар. Службеници од Полициската станица Гостивар каде се привршува со расчистување на случајот, вчера лишиле уште девет лица. Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување ќе бидат предадени на Јавен обвинител, информираат од СВР Тетово. Брзата и соодветна реакција на полицијата спречила крвав исход.

– Вчеравечер (11 август) околу 22 часот и 30 минути, лишени од слобода се: Џ.А.(44), Т.А.(48), Х.А.(42), Б.А.(39), Л.А.(55), Н.А.(50), С.А.(52), Б.А.(25) и Д.А.(46), сите од гостиварко Ѓурѓевиште. За нив постои сомнение дека учестувале во завчерашната групна физичка пресметка во и околу угостителски објект на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, наведуваат од СВР Тетово.

 Поводот за тепачката биле недоразбирања околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна, помеѓу перосналот и гости. Набрзо потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и сакале да се пресметаат. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух.

Истата вечер, во полициската станица биле лишени од слобода: Б.А.(25) од Дебреше, Д.А.(46) од Ѓурѓевиште, Е.А.(27) и Ф.А.(53) од Топлица, 34-годишниот Р.М. од Гостивар и тројца малолетници од Дебреше и Ѓурѓевиште. За нив е утврдено дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект кој при пресметката бил и оштетен.

згм

Коментарите се затворени.